19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕУ ќе ни помага и натаму да се справиме со болеста јазлеста...

ЕУ ќе ни помага и натаму да се справиме со болеста јазлеста кожа

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) доби потврда дека и во 2018 година Европската Унија, парично или со вакцини, ќе ја поддржи Македонија во справувањетоo со болеста јазлеста кожа.

Потврдата дојде на состанокот на Постојаната експертска група за јазлеста кожа за Југоисточна Европа, кој минатата недела се одржа во Будва и  на кој присуствуваа експерти од Светската организација за здравствена заштита на животните – ОИЕ, од Организацијата за земјоделство и храна при Обединетите нации – ФАО, сите земји од регионот, земји членки на ЕУ кои граничат со регионот, како и претставници од Турција, Украина и од Русија.

Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Зоран Атанасов, и стручни лица од областа на здравствената заштита и благосостојбата на животните од Агенцијата, на состанокот ги презентираа актуелната состојба со болеста јазлеста кожа во земјата и мерките што се преземаат за да се спречи нејзиното ширење. Со оглед на тоа дека јазлестата кожа е актуелен регионален проблем, учесниците на состанокот се согласија дека координираната масовна вакцинација на говедата сè уште е најефикасна мерка за контрола на болеста и дека таа во Југоисточна Европа успешно се реализира и оваа година. Во оние државите каде што вакцинацијата беше успешно спроведена, беше спречено ширењето на болеста, но и покрај високата покриеност со вакцинација во Југоисточна Европа, вирусот на јазлеста кожа сè уште е присутен во регионот и може да предизвика спорадични епидемии кај добитокот и ширење на болеста во области каде што има недоволна покриеност со вакцинација.

Од состанокот произлегоа препораки за земјите што не завршиле со вакцинација тоа да го сторат во најкус рок, односно најдоцна пред почетокот кога почнува новата сезона со висок ризик за појава на оваа болест. За да се спречи евентуалното повторување или ширење на болеста, клучна останува имплементацијата на регионалната стратегија за вакцинација за 2018 година и почитувањето на препораките да се набават доволни количини вакцини во случај на вонредна состојба. За земјите што воспоставиле зони со или без вакцинација препорачано беше да обезбедат правилна контрола на движењето на животните во зоните.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП