2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПо 40 години згаснува Ер Берлин, за вечерва планиран последниот лет

По 40 години згаснува Ер Берлин, за вечерва планиран последниот лет

Германската воздухопловна компанија Ер Берлин по 40 години престанува со работа. За вечерва е планиран последниот лет на авионот кој ќе слета во Берлин. Политичарите изразија жалење поради укинувањето на втората по ред авиокомпанија во Германија.

„Авиокомпанијата со седиште во главниот град, која го носеше името Берлин во целиот свет беше симпатичен преставник на градот“, изјави градоначалникот на Берлин, Мајкл Милер за јавниот сервис РББ.

Тој рече дека е разочаран со укинувањето на Ер Берлин и укажа дека градот Берлин бил подготвен да помогне да се спаси компанијата која повеќе од децении го поврзува градот со останатиот дел од светот.

Последнито авион на Ер Берлин вечерва треба да долета од Минхен. Авиокомпанијата во август прогласи стечај, откако мнозинскиот сопственик на фирмата – Етихад одбил понатамошно финасирање.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП