18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИндустриските профити во Кина растат со најбрзо темпо од скоро 6 години

Индустриските профити во Кина растат со најбрзо темпо од скоро 6 години

Добивката на кинеските индустриски компании се зголемуваат во текот на септември со најбрзa стапка од речиси шест години, соопштува „Ројтерс“. Напорите на Владата за справување со загадувањето предизвикаа стравувања од недостиг во снабдувањето во зима и ги испратија цените на готовите производи, како челик и бакар нагло нагоре.

Одржливиот раст на профитот ќе им даде на кинеските власти повеќе простор за реструктуирање на надувување и често неефикасни државни претпријатија кои доминираат во индустријата во земјата и генерираат голем дел од корпоративната задолженост.

Во септември индустриските профити растат со 27,7% на годишна основа до 662,18 милијарди јуани (99,46 милијарди долари). Во август, зголемувањето беше 24%, според податоците на Државниот завод за статистика.

Растот во септември е највисок од декември 2011-та година, кога добивката се зголеми за 31,5%.

Заводот за статистика го објаснува порастот со посилен раст на производството и продажбата, како и повисоките цени за индустриските производи.

„Се прогнозира дека индустрискиот сектор ќе остане стабилен, подобрувајќи ја траекторијата во четвртиот квартал“, посочуваат од кинеското Министерство за индустрија.

Во првите девет месеци од годината, добивката на индустриските компании изнесуваше 5,58 илјади милијарди јуани, со зголемување од 22,8% во однос на истиот период од минатата година. Задолжувањето на овие компании се зголеми за 6,7% на годишна основа во периодот јануари-септември.

Иако долгогодишниот бум во градежништвото почнува да покажува сигнали за слабеење, се уште силните индустриски добивки ќе бидат добри вести за властите во Кина, кои во текот на изминатата недела објавија политичките и економските приоритети за следните пет години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП