3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИзјава на првообвинетиот за грабежот во НЛБ банка: Крадев бидејќи бев во...

Изјава на првообвинетиот за грабежот во НЛБ банка: Крадев бидејќи бев во долгови

„И се извинувам на сопругата што ја оставам со две малолетни близначиња. Му се извинувам на внукот што го оставам без татко. И се извинувам на Тутунска банка и на родителите за нанесениот срам, стрес и шок“, рече првообвинетиот Бобан Смилевски на завршните зборови во кривичниот суд во случајот со милионскиот грабеж на пари од НЛБ банка во Скопје.

Смилевски рече дека делото не е сторено за имотна корист. „Бев во големи долгови за кои добивав закани и уцени и јас и моето семејство. Во овие 40 години сум бил пример како човек“, рече тој.

Смилевски изјави дека ја бара казната за второ и третообвинетиот за себе и дека ненамерно ги вмешал во кривичното дело. Вети дека ако добие поблага казна, ќе работи за побргу да ја надомести штетата на банката.

Адвокатот на третообвинетиот Борис Минчевски рече дека неговиот клиент не е директен извршител и дека против него не се води постапка за друго кривично дело.

Членовите на семејството со солзи ја слушаа изјавата на Бобан Смилевски.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП