25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕЦБ ја задржа каматната стапка на нула

ЕЦБ ја задржа каматната стапка на нула

Европската централна банка (ЕЦБ), како што се очекуваше, одлучи да ја задржи каматната стапка на нула.

Од таму повторија дека до зголемување ќе дојде по завршувањето на програмата за поттикнување на откуп на државни обврзници.

ЕЦБ најави дека од јануари ќе ја преполови стимулативната програма за купување на обврзници како поддршка за заздравување на економијата на еврозоната погодена од должничката криза.

Банката ја задржа флексибилноста наведувајќи дека би можела да го зголеми купувањето на обврзници доколку еврозоната од 19 членки доживее нов економски шок.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП