20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСтановите во Џевахир се продаваат за 849 евра за квадрат

Становите во Џевахир се продаваат за 849 евра за квадрат

Стан во блок Б на Џевахир Скај Сити по цена од 849 евра за метар квадратен е најновата промотивна понуда од Џевахир. Софистицираните услови за живот и дополнителните содржини што се нудат во комплексот,  ја зголемуваат вредноста на понудата.

Во втората зграда од комплексот висококатници, лоцирани во скопската општина Аеродром, се нудат апартмани со големина од 53 до 103 метри квадратни, согласно потребите и можностите на купувачите. Она што понудата ја прави исклучителна е што се добива стан со опремена кујна, без бела техника и комплетно опремен тоалет.

Со ова, оние кои планираат да купат стан и да го решат своето станбено прашање имаат можност да направат значителни заштеди во семејниот буџет бидејќи нема да мораат да издвојуваат дополнителни средства за купување кујна и елементи за бања. Кон ова се додаваат и месечните заштедите кои ќе се остваруваат благодарение на ефикасноста на централниот систем за греење и ладење што овозможува секој станар или семејство да одлучуваат колку и кога ќе го разладуваат, односно греат својот дом.

Висококатниците на Џевахир Скај Сити се градени според највисоки градежни стандарди и со примена на мерки за енергетска ефикасност. Да се има стан во комплексот значи да се има 24часовно обезбедување, заштита од пожари, брзи лифтови и можност за обезбедување сопствено паркинг место.

Во рамките на комплексот ќе има и базени, турска бања и спа, фитнес центар, игротеки за децата како и модерен трговски центар  со многу продавници, ресторани и кафулиња.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП