8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКои градови се дигитални лидери во светот?

Кои градови се дигитални лидери во светот?

Во Шведска само еден процент од сите плаќања се обавува готовински, додека во Eвропа и САД во просек седум проценти.

„Visa“ неодамна ги објави резултатите од Студијата „Безготовински градови“ чија цел беше да укаже на потенцијалните предности од преминот од физичките пари на дигиталното плаќање во 100 градови од светот. Оваа студија, инаку, за прв пат е претставенаа во јавноста.

Адам Ванд, шефот за глобална и јавна политика во „Visa“ истакна дека се високи трошоците за готовината и дека за граѓаните и економијата корисно е да се прејде на безготовинскиот начин на плаќање.

„Први според критериумите се градовите, кои се дигитални лидери, а тука спаѓаат Стокхолм, Сиднеј, Торонто и Лондон, додека најлоши кои користат готовина се Акра, Аман, Каиро, Казабланка, Лима и др“, укажа Ванда.

Студијата установила дека порастот на дигиталното плаќање во различни градови, би можел да резултира во вкупна директна предност од 470 милијарди долари на годишно ниво. Тоа значи дека секој од сто градови би можел да оствари во просек 4,7 милијарди долари нето бенефит годишно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП