19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИTwitter ја најави првата добивка откако постои

Twitter ја најави првата добивка откако постои

Цената на акциите на „Twitter“ вчера скокна на Волстрит за повеќе од 18 проценти, откако оваа социјална мрежа порача дека во последниот квартал од оваа година би можела да оствари добивка, за прв пат од кога компанијата постои.

Според вчера објавениот деловен извештај, загубата на „Twitter“ во третиот квартал изнесува 21 милион долари, додека една година претходно изнесуваше 103 милиони. Вупните приходи на „Twitter“ во изминатиот квартал изнесувале 590 милиони долари, што е за 4 проценти помалку отколку една година претходно, при што приходите од огласувањето паднале за 8 проценти, додека приходите од лиценцираните податоци и други извори скокнале за 22 проценти, на 87 милиони долари.

Падот на приходите во кварталот е трет откако акциите на оваа компанија во 2013 година се вклучија на американската берза. Меѓутоа, оваа компанија во изминатиот квартал ги намали трошоците за 16 проценти во однос на истиот минатогодишен квартал, што е главната причина за намалување на загубите и порача дека во четвртиот квартал од оваа година би можела да оствари добивка ако приходите и расходите останат во планираните рамки.

„Twitter“, исто така, објави дека бројот на неговите активни месечни корисници во изминатиот период достигнал 330 милиони, четири милиони повеќе отколку во претходниот квартал. Компанијата, сепак, никако не успева да расте така брзо како „Facebook“, најголемата социјална мрежа во светот со повеќе од 2 милијарди корисници.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП