28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБританија под истрага поради „даночни дупки“

Британија под истрага поради „даночни дупки“

Европската унија отвори истрага против британската даночна шема со која на мултинационалните компании им е овозможено плаќање на помал данок.

Европската комесарка за заштита на конкуренцијата Маргарет Вестагер ќе истражи дали одредени исклучоци во британските прописи за мултинационалните компании, претставуваат кршење на прописите на Европската унија за заштита на конкуренцијата, пренесува агенцијата Франс прес.

Се додека Брианија е членка на европскиот блок „таа има права и обврски во склад со своето членство“, соопштија од Европската комисија.

Започнувањето на истрагата доаѓа во момент кога Лондон и Брисел водат преговори за излезот на Британија од ЕУ, кој би требало да се реализира во март 2019 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП