16 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСветот брои над 1.500 милијардери - 14-те земји во кои живеат најбогатите...

Светот брои над 1.500 милијардери – 14-те земји во кои живеат најбогатите луѓе во светот

  • Во светот има 1.542 милијардери, според новиот извештај на УБС
  • Повеќе од 560 милијардери живеат во САД – најмногу од било која земја – и тие го контролираат најголемиот дел од богатството
  • Ако продолжат сегашните трендови, вкупното богатство на милијардери во Азија би можело да ги надмине американските милијардери за четири години

Според новиот извештај на банката УБС од Швајцарија, САД се дом на најмногу милијардери од било која земја во светот.

Но, Кина и Индија брзо растат.

Три четвртини од ново-калените милијардери во светот од 2016 година се од Кина и од Индија. Земјите додадоа 67 и 16 милијардери на нивниот вкупен број милијардери.

Ако овие трендови продолжат, ќе бидат потребни само четири години за вкупното богатство на милијардери од Азија да ги надминат американските милијардери, според УБС.

Но, засега САД ја одржуваат најголемата концентрација на милијардери во светот. Вкупно 563 американски милијардери контролираат 2,8 илјади милијарди долари, споредено со минатата година од 2,4 илјади милијарди долари.

14. Сингапур: 21 милијардер

13. Шпанија: 25 милијардери

12. Турција: 29 милијардери

11. Јапонија: 33 милијардери

10. Швајцарија: 35 милијардери

9. Франција: 39 милијардери

8. Италија: 42 милијардери

7. Велика Британија: 55 милијардери

6. Хонг Конг: 69 милијардери

5. Русија: 96 милијардери

4. Индија: 100 милијардери

3. Германија: 117 милијардери

2. Кина: 318 милијардери

1. САД: 563 милијардери

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП