3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПорасна бројот на милијардери во светот

Порасна бројот на милијардери во светот

Бројот на милијардери минатата година се зголемил на над 1.500, што е за десет отсто повеќе во однос на 2015 година, најмногу заради „бран“ од Азија, наведуваат во извештај швајцарскиот банкарски гигант UBS и ревизорите од PwC.

Според годишниот извештај, првпат се евидентирани повеќе милијардери во Азија (637) отколку во САД (563).Европа е на третото место во базата на податоци на милијардери, со вкупен број од 342.

Вкупното богатство контролирано од страна на ултрабогатата група достигна до шест трилиони долари (5,1 трилиони евра), што претставува зголемување од 17 отсто во однос на претходната година кога богатството на милијардерите всушност се намалуваше, се наведува во извештајот.

Групата од 1.542 милијардери поседува или делумно ги контролира компаниите кои вработуваат 27,7 милиони луѓе.Три четвртини од оние кои станаа милијардери во 2016 година, според резултатите од извештајот, се од Кина и Индија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП