
Податоците за извршување на буџетот на Министерството за финасии покажуваат дека до септември буџетскиот дефицит изнесува 11,055 милијарди денари или 179,7 милиони евра, што е 59,6 отсто од предвидениот буџетски минус за годинава. Со ребалансот на буџетот, Владата предвиде дефицитот за годинава да изнесува 18,567 милијарди денари или околу 302 милиони евра.

