19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕЦБ ги ограничува стимулациите, но ја продолжува програмата

ЕЦБ ги ограничува стимулациите, но ја продолжува програмата

Европската централна банка (ЕЦБ) денеска соопшти дека одлучила да ја ограничи количината обврзници кои ги откупува секој месец, но во исто време и да го продолжи времетраењето на програмата.

Од јануари вкупната вредност на купување обврзници секој месец ќе падне од 60 на 30 милијарди евра. Централната банка соопшти дека ќе ја продолжи програмата за парични стимулации барем до септември следната година.

Освен рекордно ниски камати во годините по светската финансиска криза и должничката криза во Европа, ЕЦБ воведе и квантитативно олеснување во американски стил, купување средства (за да го стимулира кредитирањето), што се користи за зголемување на инфлацијата и поддршка на економијата.

Пазарните играчи го означија октомври како пресвртна точка за ЕЦБ. Тие очекуваа детали за тоа како централната банка ќе ги ограничи паричните стимулации во еврозоната.

Поконкретно паричните менаџери сакаат да знаат со колку ЕЦБ ќе ја намали количината на купување секој месец државни обврзници и од кога ќе почне да го прави.

Прогласувањето на излез од програмата за парични стимулации е тешко за централната банка, бидејќи инфлацијата останува под таргетот и за инфлацијата, кој е „блиску, но под 2%“. Самата банка, исто така, има внатрешни разлики.

Според некои членови на Извршниот совет е премногу рано програмата да биде ограничено, но други сметаат дека каматата се задржа ниско премногу долго.

Јенс Вајдман, гувернер на Централната банка на Германија, рече: „Не гледам потреба да го притискате педалот за гас на монетарната политика, но ако продолжиме со купување секој месец, ќе го направиме токму тоа“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП