4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИH&M сака производство во Aфрика

H&M сака производство во Aфрика

h&m1

Шведскиот моден гигант „H&M“ размислува за отпочнување производство во Јужна Америка и Африка, изјави за Фајненшл Тајмс директорот на таа компанија Карл Јохан Персон.

„Кога тој дел од светот се развива, како што во моментов се случува, идејата за производство во Јужна и централна Америка станува поинтересна“ Ние ја разгледуваме таа можност…. но размислуваме и за Афика“, изјави директорот на „H&M“, пренесува агенцијата Франс Прес.

Неговите коментари доаѓаат еден месец по скандалот со фабриката во предградието Даке, кој однесе илјадници животи. Персон, кој минатата недела повика на зголемување на минималната плата во Бангладеш, наведува дека „H&M“ нема поврзаност со производството во фабриката во која се случи несреќата.

Компанијата минатата недела најави дека ќе потпише договор кој е креиран од страна на глобалните синдикати со цел да се зголеми безбедноста во фабриките за текстил во Бангладеш, со кои и „H&M“ соработува.

„Планираме нашето производство да го прошириме и на пазарите во развој, тоа ќе биде голем потфат за компанијата, кој може да ни донесе големи деловни резултати“, дополни Персон.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП