19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИталија се откажува од јагленoт до 2025-та година

Италија се откажува од јагленoт до 2025-та година

Италија планира да ги затвори своите централи на јаглен до 2025-та година, соопшти „EurActiv“, наведувајќи го проектот за енергетска стратегија на земјата. Трендот во последниве години низ ЕУ е да се отстрани јагленот – такви планови имаат Португалија, Холандија и Велика Британија.

Секторот почнува да се насочува кон други извори на енергија – земји како Финска или Полска размислуваат за нови нуклеарни капацитети, а други – кон обновливи извори на енергија (ОИЕ), посочува уште „EurActiv“.

Весникот потсетува дека во април 26 од 28-те земји во ЕУ (со исклучок на Грција и Полска) потпишаа договор да не бидат изградени нови јаглен централи по 2020-та година. Европските банки исто масовно одбиваат кредити за изградба на нови централи на јаглен.

Енергетската стратегија на Италија, која се уште е подложна на јавна расправа, предвидува 27% од вкупната потрошувачка на енергија во земјата да биде на обновливите извори до 2030-та година.

Ќе има и стимулации за алтернативни горивни автомобили и зголемување на станиците за полнење на електрични возила – до 19.000 во земјата до 2020-та година.

Во извештајот на Меѓународната агенција за енергетика се покажа дека во 2016-та година 15 отсто од електричната енергија во Италија доаѓа од електрани на јаглен. Земјата се потпира на гас – 42% и обновливи извори (39%). Анализите на институцијата покажуваат дека во просек „ОИЕ“ обезбедува 24% од електричната енергија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП