11 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАКаков тип на лидер сте вие?

Каков тип на лидер сте вие?

За да ги добиете најдобрите резултати од тимот, важно е да постои рамнотежа на различни стилови, а исто така и да се почитуваат и другите стилови. Секој лидер има свои квалитети, но и одредени мaани, кој е најлесниот начин да процените каков тип на лидер сте вие? Осознавањето на вашиот стил за лидерство ќе ви помогне во понатамошниот процес на работење.

Лидер диригент. Овие лидери се директни со постојано чувство на итност и се фокусирани на резултати. Тие сакаат да победуваат и често носат брзи одлуки за да добијат конкурентска предност. Тешкиот стил на овие лидери носи до промени, вреднува нови идеи и не се плаши од соочување. Како резултат на ова, Диригентите имаат тенденција да ги завршат работите.

Лидер влијателен. Oптимистички, мотивациски и комуникациски ориентирани луѓе кои често знаат да го наметнат своето мислење. Овие лидери се типично ентузијасти и во склад со другите луѓе околу нив. Им се допаѓа помагање и мотивирање на другите луѓе и имаат природна способност да го сторат тоа.

Лидер поддржувач. Стабилен и спокоен, поддржувачите имаат тенденција да бидат лепак кој го држи својот тим заедно. Тешко го губат својот темперамент и имаат тенденција да им бидат многу лојални на сите околу нив. Тие се трпеливи, сигурни и создаваат чувство на смиреност и стабилност.

Лидер аналитичар. Паметни и аналитички, со наклонетост за следење на правила, аналитичари се оние детално ориентирани лидери кои користат внимателни прашања и не остават нејасни работи за да се обезбеди квалитет и точност. Нивното темпо е обично побавно од другите видови на лидери, но работата се завршува од прва.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП