9 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАЧетири совети од успешните

Четири совети од успешните

Група од успешни бизнисмени и претприемачи ја споделија формулата за успех.

Четири, во суштина едноставни совети, се клучот на успехот на секое претприемништво.

Направeте тим од фантастични луѓе

Кога ќе дојде до тоа, со кој ќе основате компанија и кого ќе го вработите, нема компромиси. Не ги трпете егоцентриците, како и личностите со негативни ставови.

Прифатете ги големите предизвици

Работата е едноставна: тешките работи се оние кои се ценат, не оние едноставните. Треба да стигнете до врвот на планината, да е лесно, сите би се нашле на врвот.

Фокусирајте се

Кажете „не“ на сето тоа што ви го одзема вниманието. Да, тешко е, но потребно е да се откажете од повеќе работи и да процените што треба да тргнете на страна.

Семејството е поважно од компанијата

Неуспехот во вашата компанија не значи дека не сте успеале во животот. За неуспех се смета само неспособноста да воспоставите добри односи со најважните личности во вашиот живот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП