11 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШпанија: Економскиот раст на ниво од три проценти

Шпанија: Економскиот раст на ниво од три проценти

Шпанскиот министер за економија Луис де Гуиндос изјави денес дека оваа година очекува економски раст од три проценти, и покрај аспирациите на северноисточниот регион Каталонија да се осамостои.

Владата во моментот прогнозира дека четвртата по големина економија во евроозната ќе порасне за три проценти оваа година, но поради политичката криза во врска со Калаонија намалена е прогнозата за раст за следната година.

Де Гуиндос изјави дека се надева дека буџетот за 2018 година ќе биде усвоен во наредните неколку недели, доколку биде реализиран Владиниот план за воведување на директна управа во Kаталонија.

Министерот додаде дека не може да ја отфрли можноста дека во Kаталонија ќе постои отпор кон планот на Владата во Мадрид, но дека е уверен дека цивилните службеници ќе соработуваат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП