22 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАВелика Британија губи 17 милијарди фунти годишно поради банките кои „бегаат“

Велика Британија губи 17 милијарди фунти годишно поради банките кои „бегаат“

17 милијарди фунти е придонесот на странските банки во британските јавни финансии во последната финансиска година.

Податоците само ги засилуваат стравувањата дека Велика Британија ќе загуби сериозни даночни приходи од тоа дека речиси сите странски банки во земјата планираат заминување во други земји од Европа поради „Брегзит“, пишува „Financial Times“.

Вкупниот даночен придонес на целиот банкарски сектор во Велика Британија, вклучувајќи ги и британските банки, достигна 35 милијарди фунти во март 2016-та година – март 2017-та година.

Сумата е малку повисока од претходната финансиска година, кога банките генерираа даночен придонес од 34 милијарди фунти, според податоците на „PricewaterhuoseCoopers“ (PwC).

Бројката, која ги вклучува корпоративните даноци, ДДВ-то и осигурителните придонеси платени од банките, како и данокот на доход и ДДВ-то платено за работниците ги засилува стравувањата дека Велика Британија сериозно ќе се оддалечи од сегашниот статус на најголем финансиски центар во Европа поради ефектите што ќе бидат предизвикани од излезот од Европската унија.

Час Рој-Чоудери, раководител на Даночото здружението на сертифицираните сметководители, професионалната организација на британската сметководствена индустрија, вели:

„Неизбежно е намалувањето на даночниот придонес од банкарскиот сектор, бидејќи некои операции ќе се преселат надвор од Велика Британија, како заштита од „Брегзит“. Бројките кои ги имам денес, треба да се гледаат како важен даночен момент, барем додека ситуацијата не се смири и банките да дознаат каков дел од нивните операции можат да се изнесат надвор од Велика Британија“.

Странските банки на Островот одамна почнаа да бараат нови дестинации за централните канцеларии, каде да ги пренесат своите операции. Тоа оди рака под рака со изнесување и на работните места од британската економија, а сето тоа се случува далеку пред британската влада и ЕУ да имаат постигнато договор за „Брегзит“.

Во оваа недела стана јасно дека неколку инвестициски банки водат разговори со регулаторите за поставување на нивните азиско-пацифичкиот трговски активности во Хонг Конг за сметка на Лондон.

Друга група банки, меѓу кои „Bank of America“, „Deutsche Bank“ и „Citigroup“, ги потврдија плановите да го зајакнат присуството во континентална Европа како одговор на „Брегзит“.

Арун Бирла, партнер во правната канцеларија „Paul Hasting“ посочува: „Изгледа незибежно преместувањето на операциите и персоналот за да се намалат приходите од даноци, не само поради преместувањето на вработените, но и поради оддржување на активности кои ќе придонесат за пренасочувањето на профитот надвор од Велика Британија. Не треба да се потцени потенцијалното влијание врз буџетот“.

Голем дел од стравот на банките, кои почнуваат да си заминуваат од Островот, дојдоа од сомнежите дали Велика Британија ќе успее да постигне зделка со ЕУ за излез од единствениот пазар во 2019-та година, што го провоцира бизнисот да се подготвува за сценарија дека тоа ќе се случи без договор.

Ако тоа се случи, Велика Британија ќе се прости со учество на единствениот пазар во ЕУ, од што ќе настрада бизнисот, а од таму и целата економија на земјата.

Даноците поврзани со вработувањето, заземаат најголем дел од придонесот на банкарскиот систем кон британската економија, достигнувајќи 18,4 милијарди фунти за минатата финансиска година. Една година претходно, износот бил 17,8 милијарди фунти, според „PwC“.

Повеќе од половина од овие даноци ги плаќаат странски банки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП