26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРекордна вработеност и раст на платите, не паметат подобро

Рекордна вработеност и раст на платите, не паметат подобро

Едно истражување покажало дека оптимизмот на германските компании во октомври постигнал рекордно ниво, благодарение на силната економија.

Минхенскиот институт Ифо соопшти дека неговиот индекс за деловната клима во октомври стигнал до 116,7 поени, во однос на 115,3 од септември.

Претседателот на институтот Клеменс Фист вели дека тие бројки покажуваат дека германските компании веруваат дека германската економина силно се движи напред.

Компаниите својата моментална состојба ја оценија како се подобра, како и очекувања за наредните шест месеци.

Индексот се базира на испитувањето на компаниите во производството, градежништвото, големопродажбата и малопродажбата.

Оваа година се очекува раст на германската економија од два проценти, со рекордна вработеност и раст на заработката.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП