7 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИDanone ќе инвестира во Кина

Danone ќе инвестира во Кина

danone2

Француската компанија „Danone“, која е лидер во прехрамбената индустрија, ќе инвестира 325 милиони евра во основањето на две компании со кинеските партнери.

„Danone“ ќе стане партнер со кинеската државна прехрамбена индустрија „Kofko“, со што на компанијата ќе и биде овозможено да стане стратешки партнер со „Mengniua“ кинеска компанија за производство на млеко и млечни производи.

Францускиот бренд истовремено, заедно со „Mengniua“, ќе основа уште една компанија која ќе се занимава со работите на организацијата и заедничките активности на оваа корпорација.

„Danon“ ќе откупи четири проценти од акциите на „Mangniua“, додека „Kofko“ и понатака ќе остане мнозински сопственик.

Најголемата млечна корпорација во светот, „Danone“ ќе се обиде да го подобри квалитетот на свежите млечни производи во Кина, вклучувајќи иновации, од што и самата компанија ќе има корист, бидејќи се работи за еден од најголемите светски пазари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП