Растечките пазари ќе започнат да доминираат во светот на водечките економии по државите до 2030 година, уверено тврдат експертите.
Тие своите предвидувања ги објавија во извештајот на „PricewaterhouseCoopers“.
Според него, економиите како Индија и Бразил опсно ќе и конкурираат на економската доминација на САД и Кина, додека останатите држави ќе заостануваат.
Извештајот го зема во предвид и проектираниот глобален бруто домашен производ според факторот на паритет на силната на куповната моќ. ППП е модел кој ја опишува куповната моќ, а со тоа и вредноста на одредена валута.
Сите наведени бројки се во американски долари и при постојани вредности (за споредба, сегашниот ППП на САД изнеусва 18,569 трилиони долари), пишува Индепендент.
21. Нигерија – 1.794 трилиони долари
20. Пакистан – 1.868 трилиони долари
19. Египет – 2,09 трилиони долари
18. Канада – 2,142 трилиони долари
17. Шпанија – 2,159 трилиони долари
16. Иран – 2,354 трилиони долари
15. Италија – 2,541 трилиони долари
14. Јужна Кореја – 2,651 трилиони долари
13. Саудиска Арабија – 2,755 трилиони долари
12. Турција – 2,996 трилиони долари
11. Франција – 3,377 трилиони долари
10. Обединето Кралство -3,638 трилиони долари
9. Мексико – 3,661 трилиони долари 8
8. Бразил – 4,439 трилиони долари
7. Германија – 4,707 трилиони долари
6. Русија – 4,736 трилиони долари
5. Индонезија – 5,424 трилиони долари
4. Јапонија – 5,606 трилиони долари
3. Индија – 19,511 трилиони долари
2. САД – 23,475 трилиони долари
1. Кина – 38,008 трилиони долари