29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОбјавен конкурсот на МОН за стипендии за ученици во средните училишта

Објавен конкурсот на МОН за стипендии за ученици во средните училишта

Министерството за образование и наука ги објави конкурсите за доделување стипендии за учениците во јавните и приватните средните училишта во земјава. За претстојната учебна година ќе бидат доделени 150 стипендии за талентирани ученици-спортисти од средните училишта.

Право на стипендија имаат кандидатите кои учат во јавните и приватните средни училишта, а ги исполнуваат следните услови, да се редовни ученици од I година, кои во текот на претходните две учебни освоиле најмалку две награди за освоено I или II место на меѓународен натпревар или на државен натпревар од областа на спортот организирани од национални спортски федерации кои имаат решение за вршење на дејноста спорт издадено од Агенција за млади и спорт; да се редовни ученици од II, III и IV година, кои во текот на претходната учебна година освоиле награда за освоено I или II место на меѓународен натпревар или на државен натпревар од областа на спортот организирани од национални спортски федерации кои имаат решение за вршење на дејноста спорт издадено од Агенција за млади и спорт; да имаат постигнат просечен успех од најмалку 4,00 во досегашното образование. Висината на стипендијата ќе изнесува 2.970,00 денари месечно за девет месеци во текот на учебната година.

МОН ќе додели 50 стипендии за талентирани ученици од средните училишта. Право на стипендија имаат кандидатите кои учат во јавните и приватните средни училишта, а ги исполнуваат следните услови: да се редовни ученици од I година, кои во текот на претходните две учебни освоиле најмалку две награди за освоено I, II или III место во поединечна категорија на меѓународен натпревар или на државен натпревар од областа на науката, техниката, културата и уметноста, соодветни на струката што ја изучува ученикот во средното училиште (Списокот на предмети значајни за струката е прилог на овој конкурс објавен на интернет-порталот http://konkursi.mon.gov.mk), да се редовни ученици од II, III и IV година, кои во текот на претходната учебна година освоиле најмалку една награда во поединечна категорија за освоено I, II или III место на меѓународен натпревар или на државен натпревар од областа на науката, техниката, културата и уметноста, соодветни на струката што ја изучува ученикот во средното училиште, да имаат постигнат континуиран одличен успех 5,00 во досегашното образование. Висината на стипендијата ќе изнесува 2.970,00 денари месечно за девет месеци во текот на учебната година.

МОН ќе додели и 400 стипендии за социјална подdршка на ученици од средните училишта.Право на стипендија имаат кандидатите кои учат во јавните и приватните средни училишта во Република Македонија. Висината на стипендијата ќе изнесува 2.200 денари месечно за девет месеци во текот на учебната година.

За учебната 2017/2018 година ќе бидат доделени и 50 стипендии за ученици со посебни потреби од средни училишта. Право на стипендија имаат кандидатите кои ги следните услови, да се редовни ученици од I година, кои во текот на основното образование постигнале успех од најмалку 3,00, да се редовни ученици од II, III и IV година, кои во текот на средното образование постигнале успех од најмалку 3,00, како и да имаат наод и мислење за видот и степенот на попреченоста во физичкиот или психичкиот развој и специфичните потреби издадена од надлежна установа, а согласно со Правилникот за оцена на специфичните потреби на лицата со пречки во физичкиот или психичкиот развој. Висината на стипендијата ќе изнесува 2.750 денари месечно за девет месеци во текот на учебната година.

Учениците кои ги исполнуваат условите треба да пополнат електронска пријава поставена на интернет-порталот konkursi.mon.gov.mk, почнувајќи од 25.10.2017 година до 5.11.2017 година, освен кандидатите кои аплицираат за стипендиите за ученици со посебни потреби.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП