8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕП: Од 2020 година нема да се ставаат печати во пасошите за...

ЕП: Од 2020 година нема да се ставаат печати во пасошите за влез во шенген-зоната

Европскиот парламент на пленарна седница во Стразбур го поддржа воспоставувањето електронскиот систем за влез и излез (ЕЕС) за државјаните од „трети земји“, со што ќе се забрзаат проверките на надворешните граници на шенгенскиот простор и притоа ќе нема потреба од ставање печати во пасошите за влез и за излез од шенген-зоната.

Во новиот систем ќе бидат вклучени и Бугарија и Романија откако на двете земји им беше обезбеден пристап до визниот систем на ЕУ, а Хрватска ќе биде вклучена откако успешно ќе ја помине евалуацијата.

Во базата ќе се внесуваат имињата, податоците од пасошот, отпечаток од прст, датумот и местото на преминување на границата, како и забраните за влез во шенген-зоната.

Овој систем ќе го замени печатот во пасошите и се очекува да го забрза минувањето на границите и да ги идентификува престапниците.

Собраните податоци ќе бидат чувани три години, а во случај на регистрирани нарушувања, пет години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП