7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНајбрзо растечките туристички дестинации во светот се во Азија

Најбрзо растечките туристички дестинации во светот се во Азија

Сите десет најбрзорастечки туристички градови во светот се наоѓаат во Азија, според новите податоци од Светскиот совет за патување и туризам, цитиран од „CNBC“.

Според неговиот најнов извештај „City Travel and Tourism Impact“, азиските градови ќе се радуваат на раст на туризмот во следната деценија и тоа најмногу ќе важи за оние во Кина.

Градот Чунцинг, Југозападна Кина ја предводи листата во најновата анкета со годишен раст од 14%. Следен е од Гуангжу – 13,1%.

„Силниот внатрешен пазар во Кина стои зад растот на градовите како Чунцинг и Гуангжу, кои се потпираат на Кинезите за соодветно 94,5% и 89,1% од нивните приходи од туризмот“, се наведува во извештајот.

Шангај ужива раст од 12,8%, додека кинескиот главен град Пекинг со 12% годишно.

„Двоцифрениот раст, кој го гледаме во овој дел на светот, е многу импресивен“, коментира Глорија Гевара, претседател и извршен директор на Светскиот совет за патување и туризам.

Другите градови кои спаѓаат во топ 10 се Чанду во Кина (11,2%), Манила на Филипините (10,9%), Делхи во Индија (10,8%), Шенжен во Кина (10,7%), Куала Лумпур во Малезија (10.1%) и Џакарта во Индонезија (10%).

Истражувањето покрива вкупно 65 градови, избрани според највисоките оценки на патниците, како и најголемите трошоци направени од посетителите во нив. 21 од овие градови се наоѓаат во Азиско-пацифичкиот регион.

Околу 138 милиони внатрешните патувања се извршени во Кина во 2016-та година, што е за 3,5% повеќе во однос на истиот период од претходната година според Кинеската национална туристичка администрација.

„Кинескиот туристички сектор доживува неверојатен бум“, коментира Џим Киан, постар заменик претседател во кинескиот конгломерат „Fosun“.

„Средната класа во Кина значително се зголеми, со 4% од населението во средната класа во 2002-ра година, што е зголемување од 31% во 2002-ра година“, додаде тој.

Во извештајот се забележани и други места за раст во Азија, како што е Сингапур. Туризмот има двојно зголемување во последните 10 години на 12.4 милијарди долари во 2016-та година. Индустријата е поврзана со 164.000 работни места во државата на островот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП