15 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНа друга локација ќе се организираат саемските манифестации

На друга локација ќе се организираат саемските манифестации

Саемските манифестации ќе продолжат да се организираат на друга локација која дополнително ќе се објави, информира денеска директорот на „Скопски саем“, Дејан Кошутиќ, при отворањето на манифестацијата ТЕХНОМА. Вели дека нема да има застој во организацијата на сите саеми што се планирани откако во јули има нов сопственик, бугарската компанија „Кардфинанс“.

„Најважно е дека ‘Скопски саем’ ќе продолжи со организирање на саемските активности. Ние сме единствен специјализиран економски оператор во делот на саемски активности во изминатите 60 години. Самото денешно отворање на ТЕХНОМА е доказ за каква компанија и со какво искуство и какво ноу-хау се работи. Со поддршка на нашите колеги и пријатели од регионалните саеми и од ЈИЕ успеавме да го организираме овој саем. Ќе продолжиме и понатаму со саемски активности“, изјави Кошутиќ.

Вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев, рече дека како Влада не може да се мешаат во работата на правните приватни субјекти, но му изрази поддршка на „Скопски саем“ во наоѓањето локација за натамошните активности.

„Доколку од нас како Влада биде побарано да изнајдеме нова локација на која компанијата сака и понатаму да се занимава со саемски манифестации и да изгради нови саемски хали, ние со целиот свој капацитет ќе изнајдеме начин тоа да го обезбедиме“, рече Анѓушев.

ТЕХНОМА 2017 се одржува во салата „Борис Трајковски“, што се смета за привремено решение.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП