5 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАДали е прикладно да одговорите на пораката со која ве одбиле за...

Дали е прикладно да одговорите на пораката со која ве одбиле за работа?

Веројатно многумина од вас добиле електронска порака со следната содржина „Почитувани, сакаме да ве известиме дека се определивме за друг кандидат“, „Ви благодариме за апликацијата за работа доколку не влеговте во следниот круг на интервјуа“, „Сепак се одлучивме за друг кандидат кој повеќе одговара на бараните критериуми“ и слични пораки со учтиво информирање дека не сте го добиле вработувањето.

Долги години владееше праксата многу кандидати да не ни добиваат повратна информција за текот на конкурсот. Кога ќе пројде извесно време кандидатите сами сфаќаа дека штoм некое време не добиле повратна информација, дека не го добиле ниту вработувањето.

Меѓутоа, секоја сериозна компанија или агенција за посредување при вработување ќе им испрати на своите кандидати кои не го добиле вработувањето повратна информација за одбивањето, дали преку телефон или по електронски пат, се зависи од бројот на кандидати и други фактори.

Главно таа информација за одбивање ја добиваат во вид на електонска пошта и често луѓето се бесни или тажни и доаѓаат во искушение да одговрат во афект на начин кој не е прикладен.

Најдобар совет е да не го правите тоа. Ви препорачуваме на таквиот вид на известувања да одговорите на начин на кој ќе се заблагодарите што ве земале во предвид, да нагласите дека сметате дека и понатаму би можеле да придонесете за развојот на компанијта и слободно да ве земат во предвид доколку во иднина се укаже некоја нова прилика која одговара на вашите карактеристики.

На овој начин на регрутерите ќе им дадете до знаење дека сте личност која е подготвена да прифати одбивање и доколку во иднина навистина се укаже некоја слична прилика, бидете сигурни дека вас полесно ќе ве контактираат отколку некој кој одговорил нервозно, луто и безобразно на одбивањето за работа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП