26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААнѓушев: Измената на даноците нема да биде на штета на граѓаните и...

Анѓушев: Измената на даноците нема да биде на штета на граѓаните и бизнисите

Измената на даноците нема да биде на штета ниту на граѓаните ниту на бизнисите, тврдеше вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев, на отворањето на саемската манифестација „Технома“.

„И да се донесат било какви измени на даноците, тие ќе бидат во прилог на граѓаните и стопанствениците“, изјави Анѓушев.

Владата разгледува опции како да ја консолидира финансиската ситуација , односно да го покрие постојаниот недостиг од пари и да ги сервисира долговите направени од претходната влада, при што во оптек се поволни странски позајмици во комбинација со зголемување на даноци. Во консултација со експерти неофицијално веќе се разгледуваат повисоки придонеси, повисок данок на добивка, па дури и повисок данок на додадена вредност.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП