28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБританската економија расте побрзо отколку што се очекуваше

Британската економија расте побрзо отколку што се очекуваше

Британската економија се прошири со побрзо од очекуваното темпо во третиот квартал и тоа може да го засили шпекулациите дека Англиската централна банка (ВоЕ) претстои да ја зголеми основната каматна стапка за прв пат од над една деценија, соопштува „Bloomberg“.

Бруто домашниот производ (БДП) на земјата расте со 0,4% на квартална основа и така ги надмина прогнозите на економистите анкетирани од „Bloomberg“, за вредност од 0,3 отсто.

Секторот за услуги се зголеми за 0,4% и индустриското производство скокна за 1%. Сепак, градежништвото се намали со најбрзо темпо по пет години.

Извештајот за БДП-то е најновите клучни макроекономски податоци пред состанокот на „ВоЕ“ во наредната недела. Во позадина на највисоката инфлација од над пет години управителот на банката Марк Карни изјави дека затегнувањето на монетарната политика може да е потребно во рамките на следните месеци. Затоа и пазарите очекуваат на 2-ри ноември да има зголемување на каматната стапка од рекордно ниското ниво од 0,25%. Според трговците, веројатноста за ова се случува околу 85%.

Извештајот на Националната статистичка служба е од првото читање на податоците и се базира на 44% од сите информации, што на крајот ќе биде целосен.

На годишна основа, британската економија порасна за 1,6%.

Фунтата поскапе по излегувањето на податоците и оствари раст од 0,49% до 1,3201 долари за фунта.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП