10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАХонг Конг е најскапиот пазар во светот за купување канцелариски простор

Хонг Конг е најскапиот пазар во светот за купување канцелариски простор

Приватните инвеститори во комерцијалните објекти ќе треба да ја прошират својата побарувачка надвор од водечките градови во светот поради високите цени, вели „Knight Frank“, консултантска компанија во извештајот „Глобални градови 2018“’.

Компанијата анализира колку премиум канцелариски простори може да се купат со 100 милиони долари. Ова служи како репер за приватните купувачи кои направиле 25% од деловните зделки во 2015-та година.

Хонг Конг е најскапиот град во светот. Купувачите ќе добијат за 100 милиони долари малку над 1.000 метри, што е помалку од еден кат во облакодерот „The Shard“ во Лондон, наведува компанијата.

Следи Токио, каде што за 100 милиони долари може да се добие простор од површина од нешто над 2.900 квадратни метри.

Првите пет се надополнети од Париз, Цирих и Лондон Сити, а првите десет од Сингапур, Њујорк, Сан Франциско, Даблин и Франкфурт.

Последен на списокот на првокласните пазари е Бангалор, каде за сума од 100 милиони долари приватните инвеститори можат да купат малку над 47.600 м2.

Поради зголемениот интерес во некои европски градови, приватните инвеститори сега можат да купат значително помала област таму. Во Берлин, на пример, во моментов за 100 милиони долари се продаваат нешто над 7.900 квадратни метри, што претставува намалување за 42 отсто.

Во Амстердам, со истиот износ, може да се добијат речиси 9.000 квадратни метри, што е намалување за 40% на годишна основа.

Со исклучок на Њујорк, американските градови се чини дека нудат многу подобра вредност за купувачите на трговски објекти, објави компанијата. Во Лос Анџелес со 100 милиони долари може да се купи 12.250 м2, во Бостон – 12.540 м2, а во Вашингтон – речиси 12.600 м2.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП