2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОбезбедени пет тони храна со акцијата за сиромашните

Обезбедени пет тони храна со акцијата за сиромашните

Најмасовната донаторска акција за храна во Македонија досега, НАХРАНИ 1000, обезбеди повеќе од 5 тони храна за само еден ден, на пет локации во Скопје каде што донираа граѓаните и бизнис заедницата. Во “Нахрани 1000” се вклучија повеќе од 1000 граѓани и 16 компании чии донации обезбедија повеќе од 16 илјади оброци за граѓаните кои секојдневно се соочуваат со недостаток на храна.

Акцијата се одржа по повод одбележувањето на светскиот ден на сиромаштијата, 17 октомври, со цел подигање на општествената свест за донирање на храна на оние на кои таа им е најпотребна. Организатори беа граѓанската иницијатива “Мрдни со Прст”, “Црвен Крст на Град Скопје”, организацијата “Ајде Македонија”, Здружението на граѓани за помош на бездомници и загрозени семејства “Љубезност”, Сојузот на извидници и организацијата “АДРА” во Скопје.

Според организаторите, одзивот и интересот на граѓаните и компаниите за акцијата ги надмина очекувањата, имајќи го предвид фактот што оваа акција беше организирана за прв пат во Македонија. Со ова, се потврдува и потребата за почесто организирање на настани од ваков вид, но и можно претворање на оваа акција во традиционален годишен настан, бидејќи како што велат тие, граѓаните од ранливите категории секојдневно се соочуваат со недостаток на храна.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП