9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШпанија: Банките трпат сериозни последици од политичката криза

Шпанија: Банките трпат сериозни последици од политичката криза

Политичката криза меѓу Владата на Шпанија и регионалната управа на Каталонија врши „умерено негативно влијание на депозитите“, изјави денес директорот на Caixa Bank, Гонзало Гортазар.

Тој изјави дека трендот за одлив на депозитите во претходниот период во меѓувреме се свртел, но не сакаше да прецизира за кој износ и временски период станува збор.

Гортазар во телефонската конференција по објавувањето на извештајот за заработката во третиот квартал изјавил дека постои нервоза меѓу клиентите по референдумот во Каталонија за одвојувањето од Шпанија, кој Владата во Мадрид го прогласи за нелегален.

Одлуката на третата по големина банка во Шпанија да го премести своето правно седиште од Каталонија не е привремена, изјави Гортазар.

Тој додаде дека банката за сега не планира преместување на персоналот или деловни единици надвор од Каталонија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП