6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСкокна продажбата на McDonald's

Скокна продажбата на McDonald’s

Американската компанија „McDonald’s“ соопшти дека продажбата во нејзините ресторани во САД е зголемена за 4,1 проценти во третиот квартал од оваа година.

Продажбата скокна благодарение на ниските цени на сода вода и бургерите.

Компанијата соопшти дека во третиот квартал остварила нето заработка од 1,88 милијарди долари, односно 2,32 долари по акција, што е зголемување во однос на истиот период минатата година, кога нето заработката изнесуваше 1,28 милијарди долари, односно 1,5 долари по акција, наведува агенцијата АП.

Приходот на „McDonald’s“ опаднал за 10 проценти , на 5,75 милијарди долари, со што се надминати очекувањата на анлитичарите дека ќе падне на 5,8 милијарди долари.

„McDonald’s“ наведе дека до пад на приходите дошло бидејќи компанијата претвора во франжизи се повеќе објекти чиј е сопственик, особено во Кина и Хонгконг.

Компанијата со седиште во сојузната држава Илиноис ја модернизира својата понуда, а воведе и нарачување преку телефон и достава преку апликацијата „UberEats“. „McDonald’s“ исто така го збогатува своето мени бидејќи се повеќе луѓе избегнуваат преработена храна.

Вредноста на акциите на „McDonald’s“ порасна за 3 проценти од почетокот на годината.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП