28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАУкраинците стравуваат: Ќе загубиме милијарди

Украинците стравуваат: Ќе загубиме милијарди

Прекинот на транзитот на руски гас би можел да го чини Киев три милијарди долари годишно, изјави директорот на Нафтогас, Андреј Коболјев.

Токму тој е износот кој државата го примила оваа година од транзитот на руското гориво.

Коболјев потсети дека моменталниот договор со Русија истекува во 2019 година и дека евентуалниот губиток на транзитот „ќе има критични негативни последици за сите нас“.

Според неговите зборови, нема да биде лесно да се продолжи договорот, бидејќи Газпром не е расположен да ја продолжи соработката со Украина, смета директорот на Нафтогас.

Коболјев напомена дека во текот на годината треба да проработи првата линија „Турски тек“ а тука е и прашањето за втората линија. Според неговите збороци „секоја нова линија од таквите текови зема голема количина на пари од украинскиот БДП, приближно 0,5 милијарди долари“.

Коболјев смета дека Киев има шанса да го сочува транзитот на гас по 2019 година доколку неговиот систем стане потранспарентен, за европските потрошувачи да бидат заинтересирани за Украина како доверлива транзитна земја.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП