22 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАСаудиска Арабија ќе гради Мегалополис од 500 милијарди долари! (видео)

Саудиска Арабија ќе гради Мегалополис од 500 милијарди долари! (видео)

Саудиска Арабија ќе изгради мегаград во чија изградба ќе вложи 500 милијарди долари, под покровителство на принцот Мохамед бин Салман, во рамките на реформскиот план за враќање на „умерениот ислам“ во оваа држава.

Салман во вторникот го откри овој проект: градот ќе се нарекува Неом, а ќе биде сместен на северозападниот брег на Црвеното море.

„Во Неом сакаме да создадеме нешто ново… Ќе ги собереме иноваторите од целиот свет за да го создадеме“, рече Салман на конференцијата во Ријад.

Градот, кој ќе се простира меѓу Египет и Јордан, ќе опфати 26.500 квадратни километри, а Саудијците ќе изградат и „прекрасен нов мост“ помеѓу Египет и Саудиска Арабија кој ќе ја поврзува Азија со Африка.

Извршен директор на проектот Неом е Клаус-Кристијан Клајнфелд, поранешен генерален директор на „Сименс“.

„Тоа се 26.500 квадратни километри. Кога ќе кажеме град, всушност не е точно, тука ќе има повеќе градови и села“, објасни Клајфелд.

Саудиска Арабија ќе вложи 500 милијарди долари во проектот, пренесува официјалната новинска агенција „СПА“, а се предвидува дека првата фаза ќе биде готова до 2025-та година.

Салман рече дека Неом е само дел од низата економски и друштвени реформи со кои ќе се модернизира Саудиска Арабија.

„Ние не сме како што сме биле во минатото, ние се враќаме кон умерениот ислам кој е отворен за целиот свет и сите религии“, додаде тој на конференцијата.

„Сакаме да живееме нормален живот, живот кој ја одржува нашата умерена религија, нашите обичаи. Мислам дека од неодамна се превземени јасни чекори и верувам дека многу брзо ќе го искорениме екстремизмот“, истакна Салман.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП