Буџетскиот дефицит во еврозоната во вториот квартал од 2017-та година достигна 1,2% од бруто домашниот производ (БДП). Иако објави благ раст од 0,2 процентни поени, во споредба со претходните три месеци, тој сепак останува втор најнизок за последните две години. Ова го покажуваат последните податоци од „Eurostat“, објавени денес.
Во Европската унија како целина буџетскиот дефицит се проценува на 1,3% од БДП-то, кој исто така е еден од најниските за квартал во последните две години. Дефицитот беше најнизок во претходниот квартал на ниво од 1,1%.
Во вториот квартал од годината државните приходи во еврозоната се еднакви на 46,0% од БДП-то во однос на трошоците за 47,2% од БДП-то. Во исто време податоците за ЕУ како целина покажуваат дека приходите биле 44,6% од БДП-то, а трошоците – 46,0%.
Според податоците на „Eurostat“ само во две земји се забележува буџетски дефицит од над 3 отсто од БДП-то: Романија со 4,1% и Велика Британија со 3,4%, што нагло е зголемен дефицитот на квартална основа, бидејќи во претходните три месец беше 1,1%. Сепак, за многу земји, вклучувајќи ги и Грција, Шпанија и Италија, недостасуваат податоци.