19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНајавено е трајно решавање на проблемот за вработените од „Еурокомпозит“

Најавено е трајно решавање на проблемот за вработените од „Еурокомпозит“

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, најави исплата на една плата следната недела за вработените од „Еурокомпозит“ на денешната сердба со синдикалното раководство на фабриката.

„Следната недела на владина седница ќе се донесе одлука за обезбедување средства за една плата на вработените во ‘Еурокомпозит’. Веќе активно се разгледува можноста за решавање на егзистенцијалното прашање на вработените што со месеци не примаат плата преку Законот за материјалното обезбедување невработени лица поради приватизација на претпријатија со доминантна сопственост на државата. Ставот на Владата е да се разгледа можноста за системско решавање на статусот на претпријатието ‘Еурокомпозит’“ рече Заев.

На средбата било разгледано колку средства се потребни за набавка на потребните репроматеријали за да се овозможи производство, што е во план исто така да биде обезбедено. Во меѓувреме се разгледува и можноста да се прошири опфатот на Законот за материјалното обезбедување невработени лица поради приватизација на претпријатија со доминантна сопственост на државата, заклучно со 31.12.2017 година, со што со обезбедување месечен надомест трајно ќе им се реши прашањето на над стотина лица од „Еурокомпозит“ кои имаат над 60 години. Според најавите, ќе се отворат и изводливите опции за натамошната иднина на претпријатието „Еурокомпозит“, со што се дава предност на можноста државата да помогне за обезбедувањето услови ова домашно претпријатие да остане во државна сопственост и да продолжи да функционира.

„’Еурокопмозит’ може добро да работи и да произведува за потребите на МВР, МО, други договорни страни, со добро менаџирање и ако се има добра волја, да му се помогне на претпријатието да застане на нозе“, е ставот што му го пренесоа синдикалните претставници на премиерот Заев.

Договорено е да продолжат контактите преку конструктивна соработка, со цел да се обезбеди добра иднина за претпријатието во интерес на луѓето што се водат како вработени и можноста за нови вработувања што се отвора со ваквиот владин пристап.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП