22 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАПродолжена суспензијата за акциите на „Топлификација“

Продолжена суспензијата за акциите на „Топлификација“

Одборот на директори на Македонската берза на седницата одржана на 20 октомври повторно ја разгледа ситуацијата поврзана со „Топлификација“ АД Скопје и оцени дека сè уште не постојат услови за донесување одлука за прекинување на суспензијата од котација на акциите на „Топлификација“ АД Скопје, информираат преку соопштение од Македонска берза.

„Поради тоа, беше донесена одлука бр. 02-1260/1 за продолжување на суспендирањето на акциите од ова друштво за нови 30 дена, почнувајќи од 21.10.2017 година. Оттука, ги информираме инвеститорите на пазарот на хартии од вредност дека и во наредниот период при евентуалното тргување со акциите на „Топлификација“ АД Скопје на слободниот пазар на Берзата треба да се имаат предвид настанатите промени во поглед на котацијата на друштвото на Берзата и неговите обврски за известување на јавноста“, стои во соопштението.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП