18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо Данска беа промовирани македонски вина

Во Данска беа промовирани македонски вина

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Р. Македонија во соработка со здружението „Вина од Македонија“ продолжува со активностите за промоција на македонското вино на интернационалните пазари. Винарници од Република Македонија, организирани преку здружението, овие денови на 23 и 24 октомври ги презентираат своите производи на пазарот во Данска.

Промотивните настани се одржуваат во Копенхаген каде што оваа година „Тиквеш“, „Стоби“, „Далвина“, „Бовин“, „Камник“, „Попов“ и „Попова Кула“ ги презентираат своите вина пред дистрибутери, увозници, ХОРЕКА и други професионални купувачи на вино, како и пред крајните консументи. И оваа година при претставувањето на македонските вина посебен акцент е ставен на сортата „вранец“ како најголем репрезент на македонките вина, при што се организирани две мастерклас-презентации за „вранец“, што ги водеше реномираниот вински критичар и судија Дарел Џозеф.

Промотивните настани се финансиски поддржани и оваа година од МЗШВ преку програмата за поддршка на руралниот развој за 2017 година и настаните во Данска се само продолжување на промотивните активности на винарниците што минатиот месец македонското вино го презентираа во САД на три настани во Њујерси, Мајами и во Нејплс.

Данскиот пазар е еден од најпотенцијалните пазари за извоз на македонското амбалажирано вино, каде што извозот секоја година бележи пораст и токму поддршката и организацијата на овие промотивни настани даваат позитивни резултати во делот градење на брендот и имиџот на македонското вино.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП