6 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАНова модна ера во Македонија на Ивана Кнез - #Concept2020 (ФОТО)

Нова модна ера во Македонија на Ивана Кнез – #Concept2020 (ФОТО)

Дали ние, луѓето, живееме во свет на криза со идендитет, колку мажите и жените се различни или еднакви, но и колку човечките битија се робови на општеството кое сами го креираат?!, се само дел од прашањата кои креаторката Ивана Кнез ги отвори директно на модното спектакуларно шоу  на колекцијата #Concept2020 која беше презентирана на Модна недела во Скопје, есен-зима 2017/2018.

„Глобализацијата како тема на мојата лимитирана едиција, инспирација на нашето секојдневното наше живеење, какви Андроиди сме ние, заглавени во електронската ера. Колекцијата е ресајклинг, пет френдли и прилагодлива за нашиот пазар со префинет вкус. Сите ние како сонувачи во потрагата по постојано наше совршенство треба да имаме само една водилка во животот а тоа е љубовта. Се надевам дека барем малку допрев директно до вашите срца. Благодарност до целиот мој тим, Модна недела и сите мои Драма пријатели кои присуствуваа. “ вели Ивана Кнез.

Фотосесијата за колекција е на HLVK Photography Goran Popovski, со рускиот модел Ксенија – the Android, Васе Доковски – VD Make Up and Social Hair Salon, со потпис на Студио Драма.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП