3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСингапур го замрзнува бројот на автомобили, повеќе нема простор

Сингапур го замрзнува бројот на автомобили, повеќе нема простор

Сингапур ќе го замрзне бројот на автомобили на своите патишта од февруари следната година, објави „ВBС“.

Службата за копнен транспорт (LTA) укажа на недостиг на земјиште и подобрувања на јавниот транспорт како причини за ограничувањето. Малата, густо населена земја има строга политика насочена кон ограничување на бројот на автомобили на патиштата.

Како резултат на тоа, сопствениците на автомобили во Сингапур се значително помалку, отколку во другите богати земји.

Систем на дозволи

Заедно со ограничувањата, Сингапур има намера да ги зголеми трошоците за поседување на автомобил во обид да го намали бројот на автомобили на патиштата.

Ова се прави преку систем кој бара наддавање за правото да поседува и користи ограничен број години, познат Сертификат за управувње (СОЕ).

Како резултат на тоа, автомобилот со среден опсег во Сингапур обично чини околу четири пати повеќе отколку што би чинел во САД. „LTA“ објави дека новиот праг нема значително да влијае на бројот на достапни сертификати, бидејќи повеќето од нив не се нови, туку доаѓаат од дерегистрирани автомобили.

Новата граница е помала од постојната граница од 0,25%, која беше воведена во 2015-та година. Таа се однесува на приватни возила и мотоцикли, но не за камиони и автобуси.

Подобрување на транспортот

И покрај владината политика, околу еден милион автомобили се уште се на патиштата во Сингапур. Малку над 600.000 од нив се приватни или автомобили за изнајмување, вклучувајќи автомобили што се користат за такси, како што се „Uber“ и „Grab“.

„LTA“ објави дека постојат ограничувања за проширувањето на малата патна мрежа на малата земја. Патиштата заземаат околу 12% од вкупната површина на земјата, што е многу повисок процент отколку во многу поголеми земји.

Покрај ограничувањето на растот на автомобилите, владата се обидува да се справи со застојот со тоа што инвестира многу во градската транспортна мрежа. Во последните шест години се додадени 41 нови станици, со што градот-држава ја прошири мрежата за 30%.

Сингапур инвестираше 20 милијарди сингапурски долари (14,9 милијарди американски долари) во новата железничка инфраструктура, 4 милијарди долари за подобрување на постојната инфраструктура и 4 милијарди долари субвенции за купување автобуси.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП