21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОН стави забрана на уште 32 производи за Северна Кореја

ОН стави забрана на уште 32 производи за Северна Кореја

Комитетот за спроведување санкции кон Северна Кореја во Обединетите нации додаде 32 производи, кои се користат за цивилна и воена употреба, на листата на производи и технологија забранети за продажба или трансфер во Северна Кореја.

На листата се доадени кутии кои може да се користат за транспорт на радиоактивен материјал, систем за ладење, опрема за откривање потреси, се наведува во соопштението од Комитетот. Меѓу забранетите производи се и акцелератори на честици, софтвер за неутронски пресметки и телевизиски камери оштетни од радијација.

Во резолуцијата, која Советот за безбедност едногласно ја усвои на 11.септември, воведени се нови санкции кон Северна Кореја поради нејзините нуклеарни и ракетни тестирања.

Северна Кореја минатата недела им порача на ОН дека никогаш нема да преговара за раскинување на својата нуклеарна програма, доколку САД не ја променат својата непријателска политика, предупредувајќи дека нуклеарна војна може да избие во секој момент.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП