25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИToshiba очекува загуба од речиси милијарда долари

Toshiba очекува загуба од речиси милијарда долари

Јапонската компанија „Toshiba“ вчера објави дека во текот на оваа деловна година очекува нето загуба од речиси милијарда американски долари при пресметката за данокот по започнатиот процес за продажба на својот оддел за производство на NAND флеш мемориски чипови.

„Toshiba“ во рамките на подготовката за продажба на одделот уште во април го одвои споменатиот оддел за чипови, а оданочувањето е спроведено врз основа на имотот и обврските на одделот за чипови во времето на неговото осамостојување во април (станува збор за вториот најголем производител на NAND флеш мемориски чипови во светот кој е продаден на козорциумот „Bain Capital“)

Од друга страна во пресметките за работењето на компанијата до март следната година (за време на тековната деловната година) не е воведена ставката за очекуваните добивки по продажбата на одделот за чипови од околу 17,6 милијарди долари, со оглед дека целата работа сеуште чека на дозвола од надлежните агенции.

Поради тоа, но и спроведеното оданочување „Toshiba“ нема да ги забележи претходно предвидените приходи од околу 2 милијарди долари, туку ќе ја забележи споменатата нето загуба од околу милијарда долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП