11 декември, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСАД подготвува милијарди, Порторико чека помош

САД подготвува милијарди, Порторико чека помош

Американскиот Сенат начелно го одобри пакетот помош за отстранување на последиците од ураганот во износ од 36,5 милијарди долари.

Тоа ќе помогне во обновата на Порторико по ураганот Марија и ќе ја одржи ликвидна федералната програма за осигурување од поплави, пренесува АП.

Конечното гласање најверојатно ќе биде одржано денес.

Мерките ќе опфатат и 18,7 милијарди за пополнување на сите празни сметки на Федералната агенција за раководење со итни случаеви. Таа агенција вчера најави повеќе од 500 милиони долари помош за Порторико.

Дополнителни 16 милијарди долари би и овозможиле на федералната програма осигурување од поплави, која исто така е во финансиси проблеми, да исплати осигурување за штетата која во Тексас ја нанесе ураганот Харви.

Во предлог законот се одбиени барањата на Тексас и Флорида за дополнитени пари за обнова после ураганите Харви и Ирма.

Доколку Сенатот го усвои пакетот помош, тој ќе оди на потпис кај претседателот Доналд Трамп.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП