16 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАСо „Фамилија“ ќе започне ревијата на современи филмови од Венецуела

Со „Фамилија“ ќе започне ревијата на современи филмови од Венецуела

Со победникот на филмскиот фестивал „Киненова“, филмот „Фамилија“ на режисерот Густаво Ронод Кордова, вечерва во 20 часот во Кинотеката ќе почне ревија на современата венецуелска кинематографија.

Ова е прво претставување на оваа кинематографија во Македонија, а го организира „Киненова“ во соработка со Амбасадата на Боливарска Република Венецуела во Софија.

Во текот на ревијата ќе бидат прикажани вкупно шест филмови од најновата филмска продукција во Венецуела, меѓу кои 5 играни, и еден анимиран филм.

Настанот свечено ќе биде отворен од амбасадорката на Венецуела за Бугарија, Македонија, Црна Гора и Албанија, Ориета Капони.

Партнер на ревијата е Кинотеката на Македонија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП