5 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИТехнолошкиот гигант подготвува бум: Понудата уште посилна

Технолошкиот гигант подготвува бум: Понудата уште посилна

Американската технолошка компанија „Cisco Systems“ ќе плати околу 1,9 милијарди долари во кеш за купување на компанијата „BroadSoft“.

Тие имаат за цел да ја прошират својата понуда на комуникациони софтвери.

Технолошкиот гигант познат по мрежната опрема ќе плати 55 долари по акција, што е два проценти повеќе од вредноста на акциите на „BroadSoft“.

„BroadSoft“, со седиште во сојузната американска држава Мериленд, обезбедува телекомуникациска технологија за компаниите, вклучувајќи опрема за телефонски услуги, аудио и видео конференции и виртуелни состаноци.

Фокусираноста на компанијата „BroadSoft“ на мали и средни претпријатија ќе помогне во зајакнувањето на понудата на „Cisco Systems“, чие седиште е во сојузната држава Калифорнија.

Преземањето би требало да се обави во првиот квартал од 2018 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП