17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА„Волкот од Вол Стрит“: Биткоинот е превара

„Волкот од Вол Стрит“: Биткоинот е превара

Генералниот менаџер на „JP Morgan“, Џејми Димон ја доби поддршката од неверојатниот човек – станува збор за Џордан Белфорт или подобро познат како „Волкот од Вол Стрит“.

Во изјавата за американскиот „TheStreet“, Белфорт рече дека верувал дека Димон бил во право во врска со неговото тврдење дека биткоинот е измама.

„Не мислам дека тоа е одличен модел“.

Тоа го рече, Белфорт – кој се изјасни за виновен за кражба и перење пари во 1999-та година и потоа ја напиша книгата под наслов „Волкот од Вол Стрит“, по која беше снимен филм со исто име. Тој не мисли дека криптовалутите нема да постојат во некоја форма.

„Не велам дека крипто валутите нема да постојат, туку ќе мора да бидат поддржани од некои централни влади“, вели Белфорт.

„Порано или подоцна, централната банка или конзорциумот ќе претстави своја криптовалута и таа ќе го заземе своето место“, додаде тој.

Неговите критики подоцна се префрлија на ризикот од сајбер безбедноста околу биткоинот, како и фактот дека емитувањето на нови токени во системот на криптовалутата се регулира со код, а не од некој централен авторитет.

„Не велам дека треба или не треба да купите биткоини, но она што јас се обидувам да го кажам е дека лично ќе бидам многу внимателен при инвестирање многу пари во нешто што може многу брзо да „испари“, заклучи Белфорт.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП