3 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАШто е забрането на интервјуто за работа?

Што е забрането на интервјуто за работа?

intervju5

Сте се потрудиле околу личната биографија и писмото за мотивација. Работодавецот е импресиониран од тоа и следниот чекор е да ве повика на интервју. Помислата од тоа да се сретнете лице в лице со работодавецот или некој од неговите подредени, неретко знае да предизвика нервоза, нетрпеливост и вознемиреност.

Треба да знаете дека постојат неколку работи на кои апликантите треба да обрнат поголемо внимание за време на интервјуто за работа. Еве листа на грешки кои треба да гледате да не ги направите наредниот пат кога ќе отидете на интервју за работа:

Доцнење

Прво и најважно правило од кое нема ниеден исклучок! Доцнењето, во која било држава е знак на непочитување. Затоа, подобро е да дојдете неколку минути порано на договореното место и да се напиете кафе некаде во близина, отколку да задоцните. Се разбира, понекогаш се случуваат чудни работи токму на денот кога нешто важно ви се случува – метеж во сообраќајот, неодложна семејна работа и сл. Во таков случај, јавете му се на лицето кое ве контактирало за интервјуто и известете го за можното доцнење или во краен случај недоаѓање и воедно замолете го да ви го презакаже интервјуто за друг ден.

Незапознаеност со светот на бизнисот

Ако сте невработени не значи дека не треба да ги знаете основите во светот на бизнисот и тоа како тече еден работен ден. Потрошете малку време за да се запознаете со овие работи пред самото интервју. Работодавците скоро секогаш закажуваат интервју за работа за време на работниот ден, а не после него. Затоа, ако чекате да ве поканат на интервју или веќе ви се јавуваат, треба да имате неколку слободни часови од 9 до 17 часот.

Непрофесионален изглед

Треба да обрнете внимание на тоа како ќе бидете облечени кога одите на интервју. Облеката, говорот на телото и гестикулациите се клучни за да делувате професионално. Откако ќе се вработите, веќе можете да се подослободите и да се обидете да се вклопите со стилот според кодексот на облекување кој важи во работната околина.

Ѕвонење на телефон

Во сите професионални ситуации, вработените им се покоруваат на оние со поголема моќ. Тоа значи дека ако му заѕвони мобилниот телефон на шефот додека ве интервјуира, не значи дека и вам ви е дозволено да ви се случи истото. Не залажувајте се. Телефонот исклучете го (не на бип, ниту на вибрации) уште пред да влезете во канцеларијата. Плус, играјте на сигурно – не дозволувајте да ве фатат како скришно зборувате на мобилниот телефон ниту додека чекате во ходникот.

Кој кого тука интервјуира?

Некои мислат дека ако почнат да прашуваат многу прашања за време на интервјуто, така ќе ги импресионираат оние кои интервјуираат. Грешка! Кога сте повикани на интервју за работа, многу добро се знае кој е кандидатот, а кој го врши интервјуто. Неколку пристојни прашања со кои ќе се нагласи вашето познавање за компанијата е она на што треба да се посветите.

(Не)нормален однос

Работодавачите треба да определат дали можете да се вклопите во организационата култура што е воспоставена во компанијата. Пред да влезете во просторијата за интервјуирање, анализирајте го однесувањето на другите вработени кои поминуваат во холот, од јачината и темпото на зборување, до говорот на телото и потоа искористете го ова за време на разговорот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП