3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСкокнаа цените во Британија, се заканува и скок на каматите

Скокнаа цените во Британија, се заканува и скок на каматите

Годишната стапка на инфлација во Британија забрза во месец септемри на највисоко ниво за пет години, поради растечките цени на сировините, храната и транспортот, покажува статистиката.

Индексот на потрошувачките цени (IPC) во септември порасна на 3,0 проценти меѓугодишно во однос на 2,9 проценти од август, се наведува во соопштението на британската Канцеларија за статистика (ONS), пренесува агенцијата Франс прес.

Последен пат кога инфлацијата достигна 3,0 проценти беше во април 2012 година, потсетува АФП, и додава дека, поради најновиот развој на ситуацијата, централната банка на Англија би можела да ја зголеми каматната стапка наредниот месец, што би било прво зголемување на каматите во последните десет години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП