21 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОПЕК: Побарувачката на нафта ќе биде над 100 милиони барели дневно до...

ОПЕК: Побарувачката на нафта ќе биде над 100 милиони барели дневно до 2020-та

Генералниот секретар на ОПЕК Мохамед Баркиндо изјави дека нафтените пазари се ребалансирааат „со забрзувањето на темпото“ и дека тој „не предвидува максимум“ на побарувачката на нафта „во догледна иднина“.

Баркиндо изјави дека е убеден дека цените на нафтата ќе се зголемат, а побарувачката во светски рамки ќе се зголеми – со оглед на континуираното зајакнување на светската економија.

„Очекуваме светската побарувачка за нафта да надмине 100 милиони барели дневно до 2020-та година“, рече Баркиндо, цитиран од „CNBC“. Бројката е далеку над предвидувањата на ОПЕК за 2017-та година, што е 96,8 милиони барели дневно.

Ова зголемување на глобалната побарувачка значи „нема да има максимум на побарувачката во догледна иднина“, според Баркиндо.

Затоа, инвестициите во нафтената индустрија се од суштинско значење, како и партнерството со земјите производители надвор од ОПЕК, според Баркиндо.

Цените на нафтата драстично се намалија од средината на 2014-та година, поради вишокот на пазарот и слабата побарувачка. Растот во производството во САД само го продлабочи проблемот, иако многу од американските платформи беа погодени од падот на цените.

Договорот меѓу ОПЕК и земјите надвор од организацијата, најмногу меѓу Саудиска Арабија и Русија, за ограничување на производството со вкупно 1,8 милиони барели на ден покажа извесна поддршка на пазарите.

Оваа недела, се чини дека договорот може да се продолжи и по март 2018-та година.

Цените на нафтата сепак не можат да го пробијат нивото од 60 долари за барел, а нафтата од сортата „Брент“ во моментов се тргува на ниво од 57.46 долари, додека цената на фјучерсите на американската лесна сурова нафта за испорака во ноември е 51.36 долари за барел.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП